Временска прогноза
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
17.03.2026 08:15
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.
Минималните температури ќе се движат од -1 до 4 степени, додека максималните ќе достигнат од 11 до 15 степени.
Во Скопје, облачно, попладне во делови од котлината ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
