МНР

Денеска евакуација на македонски државјани од Блиски Исток

17.03.2026 09:33

Уште еден чартер-лет Дубаи-Скопје. Евакуација на 147 лица од Блискиот Исток. Досега со три чартер лета и еден со владиниот авион, беа евакуирани 458 патници...

Денеска уште еден чартер-лет Дубаи-Скопје. Евакуација на 147 лица од Блискиот Исток. Досега со три чартер лета и еден со владиниот авион, беа евакуирани 458 патници, 380 македонски државјани и 78 странци, во најголем дел од соседството.

Од Министерството за надворешни работи и од дипломатско-конзуларните претставништва информираат дека дежурниот телефонски број и понатаму останува на располагање на македонските граѓани во кризниот регион.