Авганистан-Пакистан

Ескалираа тензии меѓу Пакистан и Авганистан

17.03.2026 12:48

Кабул обвинува за напад врз болница која се користела како центар за зависници. Регистрирани над 400 жртви, и повеќе од 250 повредени. Исламабад тврди дека цел на нападот биле само воени објекти.

Ескалираа тензии меѓу Пакистан и Авганистан само неколку часа откако Пекинг соопшти дека посредува во разговорите меѓу завојуваните страни. Стотици жртви и повредени во напад на болница во Кабул. Здравствената установа се користела како центар за рехабилитација.

Локалното население вели дека земјата била цел на воздушни напади од невидени размери.

Исламабад тврди дека целеле единствено на воени објекти. Судирите меѓу двете земји почнаа кон крајот на февруари со меѓусебни прекугранични напади, со што беше нарушено примирјето постигнато во октомври со посредство на Катар.