Нападите меѓу Украина и Русија продолжуваат
Зеленски вели дека Украина не ги одложува преговорите и се подготвени за следната рунда трилатерални мировни разговори за крај на војната.

Украинската војска спречила руска офанзива планирана за месецов, тврди Зеленски. Иако нападите се постојани и продолжуваат, интензитетот и обемот е намален. Зеленски вели дека Украина не ги одложува преговорите и се подготвени за следната рунда трилатерални мировни разговори за крај на војната.
САД предложиле да бидат домаќини на следниот состанок, во кој се вклучени и американските претставници Виткоф и Кушнер, но Москва одбила да испрати делегација.
„Ние не ги одложуваме преговорите, никој не е разочаран од дипломатијата. Ова не е прашање на емоции, како што би рекле некои. Станува збор за тоа на што се подготвени партнерите. Русија работи на многу едноставен начин, ако се плашат, тие се подготвени да ја почитуваат линијата. Ако притисокот врз Русија е ослабен, Русија мисли дека го нашла златото и може да ја продолжи војната“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
