ЕВН

Денеска без струја делови од неколку скопски општини

17.03.2026 08:51

Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини...

Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини.

Според информациите од ЕВН Македонија, прекини на струјата ќе има:

– од 08:00 до 10:00 часот, во дел од улица 2 во село Булачани (општина Гази Баба);

– од 08:30 до 15:30 часот, во дел од улица „Тодор Чангов“, односно подулиците 35, 37 и 39 (општина Аеродром);

– од 09:00 до 15:00 часот, во дел од улица „Франц Розман“ (општина Карпош);

– од 09:00 до 16:00 часот, во селата Побожје, Бродец, Брест, Танушевци и Малино (општина Чучер Сандево).