Стартува проектот „Ало докторе“

15.09.2014 10:33

Со проектот на Владата „Ало докторе“, кој ќе започне од денеска, граѓаните ќе можат со јавување на телефонскиот број 15-123 да се консултираат за определена здравствена состојба или симптоми што ги чуствуваат.

Во проектот, како што информира во саботата министерот за здравство Никола Тодоров, се вклучени доктори специјалисти со најмалку 10 години искуство што е различно од диспечерите кои се јавуваат во Итната медицинска помош кои што се општи лекари, а дел од специјалистите се и штотуку пензионирани доктори.

Појасни дека во проектот се вклучуваат сите директори од скопските клиники и здравствените установо во градот кои што ќе работат по една смена во месецот во кол-центарот „Ало докторе“ по четири часа.