Собрание

Комисијата денеска ги разгледува кандидатите за прв човек на РКЕ

17.03.2026 10:07

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ќе ги разгледува двете пристигнати пријави по јавниот оглас за избор на претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ќе ги разгледува двете пристигнати пријави по јавниот оглас за избор на претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Според информациите објавени од МИА, на огласот се пријавиле Ацо Ристов, поранешен градоначалник на Радовиш, и Шамил Реџепи, вработен во Регулаторната комисија за енергетика.

Јавниот оглас беше распишан по оставката на досегашниот претседател Марко Бислимоски, кој ќе продолжи да ја извршува функцијата сè до изборот на негов наследник.

Согласно Законот за енергетика, по разгледувањето на пријавите, комисијата ќе предложи кандидат до Собранието на Република Северна Македонија, кое ќе го донесе конечниот избор.

Изборот на новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика се очекува да се одржи на пленарната седница закажана за в среда.