Фудбал

Тројца дербитанти во составот на Седлоски за Данска

17.03.2026 09:47

Тројца дебитанти во составот на Гоце Седлоски за дуелот со Данска. Македонската фудбалска репрезентација со освежен тим ќе се обиде да избори позитивен резултат во важниот бараж, во кој селекторот комбинира младост и искуство.

Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски го објави списокот за бараж натпреварот против Данска, на кој се најдоа и тројца дебитанти.

Станува збор за Дени Мусовски, Имран Фетаи и Себастијан Херера, кои за првпат добија повик во националниот тим.

Седлоски истакна дека со овие нови имиња сака да внесе свежина во составот, но воедно да го задржи костурот на тимот од претходните квалификации.

Во репрезентацијата се враќаат и неколку искусни фудбалери, меѓу кои Бобан Николов, Љупче Дориев и Егзон Бејтулаи.

Македонија ќе се соочи со Данска на 26 март во Копенхаген, во рамки на баражот за пласман на Светското првенство