Препораки за загаденоста на воздухот во Скопје
Со оглед на повеќедневната концентрација на честички помали од 10 микрометри (РМ10) во воздухот, Градот Скопје сака уште еднаш да ги повика сите жители на Градот Скопје, како и стопанските субјекти, сите заедно да придонесеме за намалување на загадувањето.
Градот Скопје препорачува:
1. Сите товарни возила кои вршат достава на роба истата да ја вршат во временскиот период од 19 до 07 часот;

2. Градот Скопје заедно со Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје ќе ја зголеми фреквентноста на сите линии по кои сообраќаат автобустите на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје.
3. Градот Скопје ги охрабрува граѓаните на Скопје да ги остават своите возила и да го користат јавниот превоз, со што според експертите драстично би се намалила концентрацијата на (РМ10) честичките во воздухот.