Почнува академската 2014/2015 година

15.09.2014 10:44

На петте јавни универзитети, во Скопје, Битола, Тетово, Штип и Охрид, оваа година беа слободни 24.121 места за нови студенти...

За студентите на државните универзитети денеска почнува новата учебна 2014/2015 година. Првиот академски час свечено ќе биде одбележан на факултетите, а на некои и во присуство на претставници на Владата.

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми на првиот ден од новата академска година ќе ги посети Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Државниот универзитет во Тетово, а неговиот заменик Спиро Ристовски Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

На петте јавни универзитети, во Скопје, Битола, Тетово, Штип и Охрид, оваа година беа слободни 24.121 места за нови студенти.