Собрание

Двајца кандидати за нов претседател на РКЕ

17.03.2026 12:17

Попладнево пред собраниската Комисија за избори и именувања е предлогот за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика...

Попладнево пред собраниската Комисија за избори и именувања е предлогот за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

За наследникот на Марко Бислимоски, кој поднесе оставка се пријавени двајца кандидати – поранешниот градоначалник на Радовиш, Ацо Ристов и Шамил Реџепи, вработен во комисијата. Комисијата сега треба да избере еден кандидат што ќе му го предложи на Собранието.

Огласот беше распишан по оставката на Марко Бислимоски, кој ја извршува функцијата до изборот на негов наследник.