сдсм
Постапка за исклучување на Петре Шилегов
17.03.2026 13:30
Донесена била со консензус по сите проверки и информации за неговото делување...

„Шилегов одработува за ВМРО-ДПМНЕ“ – вели лидерот на СДСМ Венко Филипче за одлуката за иницирање постапка за исклучување од партијата на поранешниот пратеник и скопски градоначалник. Донесена била со консензус по сите проверки и информации за неговото делување. Шилегов со одговор – не јас, туку актуелното раководство на чело со Филипче одработува за ВМРО-ДПМНЕ за да се спаси од кривичен прогон.
Игор Панов ја следеше прес-конференцијата.
