Денеска евакуација на 119 македонски државјани од Дубаи и ОАЕ
Со петтиот авион ќе бидат евакуирани 147 патници од Блискиот Исток, 119 од нив се македонски државјани, а 28 странски. Најновата група македонски државјани до амбасадата во Обединетите Арапски Емирати побарале евакуација поради конфликтот меѓу Иран со САД и Израел...

Со петтиот авион ќе бидат евакуирани 147 патници од Дубаи, Обединетите Арапски Емирати до Скопје. 119 од нив се македонски државјани, а 28 странски.
Авионот ќе полета од Дубаи околу 16 часот и ќе пристигне на Меѓународниот аеродром Скопје околу 20 часот. Најновата група македонски државјани до амбасадата во Обединетите Арапски Емирати побарале евакуација поради нестабилната ситуација на Блискиот Исток, конфликтот меѓу Иран со САД и Израел.
Правата група македонски државјани од Израел беа евакуирани по копнен пат до Шарм Ел Шеик, а потоа со владиниот авион до Скопје. Два лета од Дубаи до Скопје, а еден од Ријад, Саудиска Арабија слетаа во Приштина. Од МНР велат дека ова е последниот лет за евакуација на македонски државјани коишто побарале извлекување од Блискиот Исток. Но, остануваат на располагање на сите македонски државјани преку дипломатско-конзуларните претставништва.
Со овие пет авиони се евакуирани 605 македонски државјани од Блискиот Исток.
Со летовите што чинат околу 60 милиони денари, беа евакуирани и државјани на Србија, Црна Гора, БиХ, Косово, Албанија, Грција, Германија, САД, Украина, Ерменија и Индонезија.
Ирина Гелевска
