Во Собранието јавна расправа по Предлог-законот за Јавно обвинителство
„Независниот статус, без влијанија, може да се постигне преку зголемување на човечките, финансиските и техничките капацитети“ – на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, јавна расправа за Предлог-законот за јавно обвинителство. Стручната јавност вели дека платата на обвинителите не смее да се намалува и одвоениот процент од буџетот е мал. Заштитата на самостојноста може да се постигне со почитување на хиерархијата. Според експертите, грешка е државен јавен обвинител да се избира само од редот на обвинителите и судиите-кривичари.

Основната цел на Законот за јавното обвинителство е да се обезбеди независен статус, без влијанија. Но, тоа мора да се постигне преку зголемување на капацитетите на обвинителството како човечки, така технички и финансиски, но и преку платата на обвинителите која не смее да се намалува – рекоа говорниците на јавната расправа за Законот за јавно обвинителство. 0,4 проценти од буџетот, пари, се малку, посочено. Обвинителството мора да биде заштитено во самостојноста, но со почитување на хиерархијата.
Греко и Венецијанската комисија дадоа позитивно мислење за законот, во кој обвинител со две негативни оценки може да биде разрешен од функцијата.
Експертите велат дека е грешка државен јавен обвинител да се бира само од редот на обвинителите и судиите кривичари.
Сега на ред се пратениците со поднесување на амандмани, кои најпрвин ќе бидат разгледани на собраниска комисија.
Миле А. Ристески
