Собрание

Ацо Ристов кандидат за нов претседател на РКЕ

17.03.2026 17:05

Ацо Ристов е предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика. Со седум гласа „за“ и два „против“ помина на собраниската Комисија за прашања на избори и именувања. На огласот беше пријавен и Шамил Реџепи. Тој не влезе во потесниот круг поради неисполнување на дел од критериумите. Од опозицијата сметаа дека критериумите во огласот биле ограничени, од мнозинството велат – се е законски. Ристов оди на гласање на пленарна седница. Тој треба да дојде на местото на Марко Бислимоски кој си даде оставка, откако му беше поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Се поизвесно е дека поранешниот градоначалник на Радовиш, Ацо Ристов дипломиран електроенергетичар ќе седне на претседателската фотелја во Регулаторната комисија за енергетика. Го помина собранискиот филтер на Комисијата за избор и именувања со седум гласа „за“ два „против“ и еден „воздржан“. За него ќе гласа Собранието. Кандидат е највисоката позиција во Регулаторна е и Шамил Реџепи, економист вработен во комисијата. Опозициските пратеници обвинуваат за политичко влијание, но ин ограничувањата при изборот за претседател на РКЕ во поглед на квалификациите.

Критериумите се согласно законот и не смее да се крши категоричен е претседателот на собраниската Комисија за избор и именувања Сајкоски. Првиот човек на Регулаторот треба да е државјанин на Република Македонија, со завршен седми степен на техничките факултети, но и да има минимум 15 години работно искуство, од кои 10 во енергетиката.

Комисијата законски треба да биде составена од по еден економист и правник, тројца стручни лица за технички прашања и претседател. Огласот за членови на РКЕ ќе биде повторен.

Александра Велинова