Невремето во регионот создава проблеми, најкритично во Хрватска

15.09.2014 10:58

Балканот под вода. Невремето се уште создава сериозни проблеми во Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина. Најкритична е состојбата на северозападниот дел од Хрватска.

Благодарение на брзата интервенција на војската и граѓаните избегната е катастрофа во Меѓумурје, изјави градоначалникот Матија Посавец. Рано е да се зборува за штетите, но мислам дека ќе бидат милионски додаде, Посавец.

Сериозна е состојбата и во Сисак, каде е прогласена општа опаснос од водниот бран кој се очекува денеска да го погоди градот.

Вонредна состојба е прогласена во северозападниот дел на Босна и Херцеговина. Расте нивото на Сава. Повеќе од 500 куќи се поплавени.