Собрание
Собранието денеска избира нов јавен обвинител
18.03.2026 08:31
Савески, кој сега е судија во Основниот кривичен суд – Скопје, за државен јавен обвинител беше номиниран од Владата на 10-ти март, а за да ја добие функцијата, потребни му се најмалку 61 пратенички глас...

Собранието денеска треба да ја одржи 94-та седница на која на дневен ред е предлогот Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Савески, кој сега е судија во Основниот кривичен суд – Скопје, за државен јавен обвинител беше номиниран од Владата на 10-ти март, а за да ја добие функцијата, потребни му се најмалку 61 пратенички глас.
Неговата кандидатура следува по оставката на поранешниот обвинител Љупчо Коцевски, а по спроведената постапка, во која учествуваа петмина кандидати.
