АМСМ

Сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози

18.03.2026 09:20

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ. Слаби врнежи од снег кој не се задржува на коловозот се бележат на Попова Шапка и Крушево како и на планинските премини Стража, Ѓавато и Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.