Куба му возврати на Трамп: Секој обид за нарушување на уставот ќе наиде на отпор
Снабдувањето со електрична енергија е вратено во сите кубански провинции по големиот трет прекин во дистрибутивната мрежа за само четири месеци. Кубанскиот претседател Дијас-Канел предупреди дека секој обид за нарушување на уставот на неговата земја ќе наиде на отпор, по изјавата на Трамп дека наскоро ќе го преземе островот.

Снабдувањето со електрична енергија е вратено во сите кубански провинции по големиот трет прекин во дистрибутивната мрежа за само четири месеци. Властите, остануваат на готовс и предупредуваат на нови можни откажувања.
Кризата е предизвикана од застарената инфраструктура, намалените испораки на нафта и санкциите од САД, додека политичките тензии меѓу Хавана и Вашингтон продолжуваат да растат. Кубанскиот претседател Дијас-Канел предупреди дека секој обид за нарушување на уставот на неговата земја ќе наиде на отпор, по изјавата на Трамп дека наскоро ќе го преземе островот. Државниот секретар на САД, пак, побара нови луѓе на чело на Куба.
„Куба во моментов е во многу лоша состојба. Тие се во разговори со Рубио и многу наскоро ќе направиме нешто со Куба. Навистина сме фокусирани на ова“, изјави Доналд Трамп • претседател на САД.
„Куба има економија која не функционира и политички и владин систем кој не може да ја поправи“, рече Марко Рубио, државен секретар на САД.
„САД јавно ѝ се закануваат на Куба речиси секојдневно дека ќе го соборат уставниот поредок со сила. И користат скандалозен изговор: строгите ограничувања на ослабената економија што ја напаѓаат и се обидуваат да ја изолираат повеќе од шест децении. Тие планираат и најавуваат шеми за преземање на земјата, нејзините ресурси, имоти, па дури и на самата економија што сакаат да ја задушат за да нè покорат. Само ова ја објаснува жестоката економска војна што се води како колективна казна против целиот народ. Во услови на најлошото сценарио, Куба е придружена со една сигурност: секој надворешен агресор ќе наиде на непробојлив отпор“, објави на Мигеј Дијас-Канел, претседател на Куба.
