Комеморација

Во МНТ комеморација за актерот Кирил Поп Христов

18.03.2026 18:46

Во Македонскиот народен театар денеска ќе се одржи комеморација во спомен на Кирил Поп Христов кој почина на 58-годишна возраст. Ќе остане запаметен како актер со автентична енергија, ведар дух и големо срце, како колега кој несебично ја споделуваше љубовта кон театарот...

Вечното момче со нескротлив дух, човек полн со енергија и страст, бунтовник со голем актерски талент. Кирил Поп Христов играше улоги кои никој друг не можеше да ги одигра. Беше испратен со последен аплауз од своите колеги во матичната куќа, Македонскиот народен театар.

Кили никогаш не беше актер кој можеше да се стави во рамка, туку актер кој ги поместува рамките, рече директорот на Македонскиот народен театар, Кимовски.

Филмовите во кои изигра брилијантно, вечно ќе останат во македонската кинематографија како потсетник за еден маестрален актер, но неговата вистинска директорија беа театарските штици, беше кажано од колегите на актерот Кирил Поп Христов-Кили.

Александра Спировска