Богато лето за женскиот хор „Св. Злата Мегленска“

15.09.2014 12:14

Овој хор веќе добро познат и етаблиран, не само во Македонија туку и надвор, враќајќи се од Рига со 2 златни и 1 сребрен медал...

На осмата хорска олимпијада која претставува натпревар на најдобрите хорови од целиот свет и која летово се одржа во Рига- Летонија, боите на Македонија ги бранеше женскиот камерен хор Св. Злата Мегленска под диригентскат палка на Летка Димовска- Полизова.

Овој хор веќе добро познат и етаблиран, не само во Македонија туку и надвор, враќајќи се од Рига со 2 златни и 1 сребрен медал.

„Се натпреварувавме во три кастегории од мозни 29 колку срто имаше на олимпијадата.а тоа беше и максималниот број на категории  во кој може да учествува еден хор. Се натпреваривавме во категориите световна музика, црковна и фолклор“, вели Летка Димовска-Полизова.

Златните медали ги освоија во категоријата световна музика и фолклор, а сребрената во категоријата на црковна музика.

Овој хор традиционално ја промовира македонската хорска музика и ги афирмира македопнските автори избирајќи ги нив на својот репертоар како сто бесе и во Рига, а квалификциите за учество во Рига овој хор ги обезбеди уште во 2011 година кога во Грац бодирани од меѓународно жири освоија 2 златни и еден сребрен медал.

И по сето ова не можеме да не се запрашаме кој е нивниот адут за освојување на вакви награди.

„Со оглед на тоа што конкуренцијата беше многу силна, ние се подготвуваме долго и многу сериозно, а адутот е во изборот на програмата, главно македонски автори, добрата интонација, убавите и квалитетни гласови на хористките иумешноста на диригентот да ја доживее композицијата, и суштината и содржината да ја пренесе на хористите за и тие понатаму истото да го пренесат на публиката, зошто песните не беа преведени и хористките пееја намакедонски - неразбирлив јазик за нив“, објаснува Димовска- Полизова.

Но, во летото 2014-то за хорот Злата Мегленска тоа не беше се. По хорската олимпијада тие заминаа на фестивал на музиката во Германија каде освоија прво место.

„Тоа е реномиран фестивал, но не на хорска музика туку едноставно фестивал на музиката каде се натпреваруваат различни музицки формации. Ние бевме единстевн хор, настапивме со православна музика во три градаво Германија  и освоивме прво место“, вели Димовска- Полизова.

Ова се првите и засега единствени златни и сребрени медали освоени на олимпијада па во историјата на женскиот камерен хор Св. Злата Мегленска. Во аналите на македонското хорско пеење воопшто 2014 година ќе биде запишана со златни букви.

 

Гордана Куновска