Собрание

Ненад Савевски е избран за нов државен јавен обвинител

18.03.2026 14:31

Со импозантна биографија и без црни петтна од обвинителот се очекува да ја врати довербата во судско обвинителскиот систем, на државата очајно и треба правда и владеење на правото – рече вицепремиерот Александар Николоски – образложувајќи го предлот за прв човек на обвинителството...

Ненад Савевски е избран за нов државен јавен обвинител. Со импозантна биографија и без црни петтна од обвинителот се очекува да ја врати довербата во судско обвинителскиот систем, на државата очајно и треба правда и владеење на правото – рече вицепремиерот Александар Николоски – образложувајќи го предлот за прв човек на обвинителството.

Опозицијата со став дека власта сака од јавното обвинителство да направи нејзина продолжена рака. И покрај импозантната биографија велат дека Савевски, како партиски обвинувања треба многу да се докажува, бидејќи ја нема нивната поддршка.

Од власта реплицираа во време на СДСМ обвинителството беше контролирано со далечински управувач, а од СЈО направија рекетарско здружение. Во Савевски гледаат шанса за справување со корупцијата, но и олигарсите.

Секој предмет е важен и дека нема да водам селективна правда – вели во своето прво интервју за обвинителот Савевски. Посочува дека тоа што е отворено како предмет, мора да дојде до завршница. Гарантирам отчетност транспарентност, но и дигитализација како можност за стоп на фиока системот и застарување на делата.

Миле А. Ристески