Заложничка драма во семејна куќа во Битола
15.09.2014 12:28
По подолгото малтретирање, според првичните неофицијални информации, разбојниците од станарите успеале да одземат окулу 400 евра и 3.000 денари...

Изминатата ноќ за семејството што ги одржува француските гробишта во Битола била вистински кошмар. Меѓу 21 и 23 часот во семејната куќа што се наоѓа во непосредна близина на гробиштата упаднале две маскирани лица со фантомки.
По подолгото малтретирање, според првичните неофицијални информации, тие од станарите успеале да одземат окулу 400 евра и 3.000 денари. По заложничката драма мајката и синот со расеткотини по рацете биле префрлени во битолската клиничка болница.
Битолската полиција работи на расчистување на случајот и откривање на идентитетот на двајцата разбојници.
