Повеќе отпад, нема систем и навика за селекција
Од кантите пред зградите – до депониите што растат побрзо од градовите. Македонија создава сè повеќе отпад, а најголемиот дел завршува измешан – без втора шанса. Селекцијата сè уште е исклучок, не правило. Но додека системот доцни, младите веќе наоѓаат нова вредност во отпадот. Од пластика до уметност – со порака дека ѓубрето може да биде ресурс. Дали токму тие ќе ја сменат навиката што институциите сè уште ја градат?

Секое шише што не го рециклираме не исчезнува, само го менува местото. Од рака-на улица, од улица-на депонија, од депонија-во воздух.
Статистиката вели дека во 2024 година, во земјава се собрани 637 илјади тони комунален отпад тоа е околу 25 илјади тони повеќе од претходната. Најголемиот дел доаѓа од домовите од кујните, балконите и кантите пред зградите кога ќе погледнеме што точно фрламе, одговорот е едноставен: сè на куп речиси целиот е измешан комунален отпад – 546 илјади тони или 85 проценти од вкупното количество.
Селекцијата е далеку зад тоа органски има 33 илјади тони, пластика помалку од 17 илјади, хартија околу 12 илјади, а метал – само 2 и пол илјади тони.
Рециклирањето не почнува од кантата – туку од системот а кај нас, тој систем сè уште има повеќе дупки отколку решенија.
„Државата воспоставува систем, значи целосно не е воспоставен, меѓутоа имаме и делови каде што добро функционира, во смисла на одредени населби, одредени општина. Контејнерите за мешан комунален отпад не треба да ги користиме за стара облека, за стари електронски уреди, хартијата и пластиката од домаќинствата, дека можеме да однесеме во посебни контејнери па и да не се толку блиску до нашето живеалиште.“, изјави Ана Каранфилова Мазневска-раководител на сектор за отпад, Министерство за животна средина.
Согласно сите стратешки документи, на општините им се налага примарна селекција, прво на сува и мокра фракција. Минатата година се поделиле повеќе од 33 илјади канти и контејнери во две бои – зелена и жолта за посебно собирање на хартијата и пластиката во сите општини во државата. Од Друштвата за управување со отпад велат дека прават едукации на младите во училиштата, оти очекуваат дека на долг рок ќе дојдат генерации со нови навики.
„Селекцијата и рециклирањето ни даваат чиста и здрава животна средина. Го намалува отпадот од количински аспект и сите негативни и штетни аспекти од неправилно отстранување и управување би рекла на отпадот којшто ние го создаваме.“, изјави Билјана Костадинова – Друштво за управување со отпад.
И додека системот сè уште се гради, младите веќе создаваат на Меѓународниот ден на рециклирање – отпадот доби нова форма пластиката стана уметност, старите предмети – порака за најдобрите има и награда можеби токму тука почнува промената во моментот кога во сопственото ѓубре ќе почнеме да гледаме добивка.
Катерина Топалова
