Кривичен суд
Судењето на Јовановски почнува на 30-ти март
18.03.2026 19:04
На 30-ти март почнува судењето на Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана која заедно со ќерката падна од балкон во скопски Карпош.

На 30-ти март почнува судењето на Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана која заедно со ќерката падна од балкон во скопски Карпош.
Јовановски е обвинет за четири кривични дела, телесна повреда, продолжено семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство.
Од обвинителството наведуваат дека обвинетиот подолг период ја малтретирал сопругата, која била фактички и егзистенцијално зависна од него, а кобниот ден, по бранот насилство и закани, нејзината психичка состојба довела до трагичниот чин, жената заедно со детето, да скокне од терасата на шестиот кат. Јовановски во моментов се наоѓа во притвор.
