Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди
19.03.2026 08:16
Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од североисточен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремени слаби врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе се движи од -2 до 4 степени, додека максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
