МАНУ
Во МАНУ денеска ќе биде претставен добитникот на наградата „Златен венец“ на СВП за 2026 година
19.03.2026 10:12
Струшките вечери на поезијата (СВП) се одржуваат во август секоја година, а традиционално почнуваат со садење дрво и поетско читање во чест на добитникот на „Златен венец“...

Во Македонската академија на науки и уметности (МАНУ) денеска ќе биде претставен добитникот на наградата „Златен венец“ на „Струшки вечери на поезијата“ за 2026 година.
Струшките вечери на поезијата (СВП) се одржуваат во август секоја година, а традиционално почнуваат со садење дрво и поетско читање во чест на добитникот на „Златен венец“.
„Златен венец“ е главната меѓународна награда на СВП што се доделува на светски познат жив поет за животно дело во областа на поезијата. Името на добитникот на наградата обично се објавува неколку месеци однапред.
