УХМР

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

19.03.2026 08:52

Утрово на Попова Шапка се измерени четири степени под нулата, а снежната покривка достигнува 60 сантиметри, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи...

Утрово на Попова Шапка се измерени четири степени под нулата, а снежната покривка достигнува 60 сантиметри, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Крушево е забележан еден сантиметар снег, додека температура под нулата е регистрирана и во Лазарополе и Маврови Анови.

Најтопло утрово е во Штип, Велес, Скопје-Петровец, Струмица, Кавадарци и Гевгелија, со измерени осум степени Целзиусови.