Руско - украински конфликт

Масовен руски напад со дронови врз Одеса и Запорожје

19.03.2026 09:49

Засилените руски удари доаѓаат во сенка на војната во Иран, која влијае на испораките на американско оружје за воздушна одбрана на Украина...

Русија изврши масовен напад со дронови врз Одеса и Запорожје, при што најмалку три лица се повредени, а над 40 илјади останаа без струја. Засилените руски удари доаѓаат во сенка на војната во Иран, која влијае на испораките на американско оружје за воздушна одбрана на Украина.

Кремљ потврди дека преговорите се на пауза, додека Зеленски ги засилува дипломатските активности во Европа за дополнителна помош.

Дводневниот самит на ЕУ во Брисел, наместо за економска конкурентност, се фокусира на кризите – пакетот од 90 милијарди евра за Киев, блокиран од Унгарија, ескалацијата околу Иран и растот на цените на енергијата. Лидерите се обидуваат да обезбедат финансиска стабилност и стратегиска автономија, додека Зеленски се надева на долгоочекуваната помош за Украина.

„Лидерите на Европската Унија се среќаваат во Брисел и според мене, главното прашање - барем за нас - се овие 90 милијарди евра заем од ЕУ. Се надеваме дека земјите од ЕУ ќе најдат начини да го решат ова прашање, бидејќи договорот веќе беше постигнат пред крајот на 2025 година, а сега ова е ревизија на тој договор. Затоа, ова е неправедно и според мене, ќе се најдат соодветни аргументи“, изјави Володимир Зеленски • претседател на Украина“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.