Регионот се справува со невремето, последиците сериозни

15.09.2014 12:48

Најкритична е состојбата на северозападниот дел од Хрватска, каде нивото на реките е на рекордно ниво...

Жителите на Балканот поминаа уште една ноќ во борба со водната стихија. Невремето се уште создава сериозни проблеми во Хрватска  и Босна и Херцеговина. Најкритична е состојбата на северозападниот дел од Хрватска, каде нивото на реките е на рекордно ниво.

Благодарение на брзата интервенција на војската и граѓаните избегната е катастрофа во Меѓумурје, изјави градоначалникот Матија Посавец. Рано е да се зборува за штетите, но мислам дека ќе бидат милионски додаде, Посавец.

„Последните информации се дека нивото на реката Мура е на за 25 сантиметри повисока од било кога досега“.

„Страшно е ова да се гледа. Се надеваме дека дождот ќе престане да паѓа“, велат жителите на поплавените подрачја.

Карловац се уште е во состојба на општа опасност.  Сериозна е состојбата и во Сисак се очекува два водни брана од Купа и Сава  денеска да го погодат градот.  Затворени се дел од патиштата, како и граничниот премин Свети Мартин на Мура.

„Се ми е поплавено, подрумот, куќата и животните. Страшно е. Ова е втор пат како целосно сме под вода“, вели една жителка.   

120 војници се ангажирани во спарвувањето на кризата. Вонредна состојба е прогласена и во северозападниот дел на Босна и Херцеговина. Расте нивото на Сава, Прједор и Ливно се целосно под вода. Поплавени се повеќе од 500 куќи.

 

Марија Петковска