Свет
Стапи во сила привремениот прекин на огнот меѓу Авганистан и Пакистан
19.03.2026 20:11
Стапи во сила привременото примирје договорено меѓу Авганистан и Пакистан по барање на Саудиска Арабија, Турција и Катар, кое треба да трае до полноќ меѓу 23 и 24 март, пред муслиманскиот празник Рамазан Бајрам.

Исламабад предупреди дека прекинот ќе важи само ако нема нови напади, а Кабул порача дека ќе одговори на секоја агресија. Примирјето доаѓа два дена по смртоносниот воздушен напад во Кабул за кој авганистанските власти го обвинија Пакистан..