Пронајдена дрога во Гостивар, лишени од слобода три лица
Лицата се задржани во полициска станица и во координација со јавен обвинител во текот на денот ќе им биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка...

Ноќеска (19.03.2026) во 00:10 часот кај наплатна рампа Гостивар, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Гостивар ги лишија од слобода Е.Е.(40), Б.С.(48), двајцата од Гостивар и Ќ.Р.(70) од с. Врањовци, гостиварско, соопштија од МВР.
При преземање мерки, полициските службеници ги забележале лицата во патничко возило „фолксваген бора“ со гостиварски регистарски ознаки, при што Е.Е. исфрлил по едно пакување со грутчеста кафеава материја и со кафеава прашкаста материја, кои се пронајдени и одземени.
Лицата се задржани во полициска станица и во координација со јавен обвинител во текот на денот ќе им биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка, стои во соопштението..
