Празникот зближува, традицијата останува
Исти желби и молитви, иста љубов, почитување и сплотеност на различни празници. Заеднички го негуваме соживотот, градиме доверба, си помагаме и вложуваме во нашата иднина. Секој ден нова заедничка сила, велат соседите од различна вероисповед од Старата скопска чаршија...

Скопје пулсира празнично откако Бајрам-намазот го означи почетокот. Исти желби, исти молитви, иста љубов, само на различни празници нашиот човек од памтивек споделува несебично со своите соседи. Чаршијата е местото каде заедно го испиваат првото кафе, се споделуваат и маките и радостите и каде пристигнуваат првите честитки. Аркан и Илчо се жив пример и сведоштво за соживотот под заедничкото сонце.
Со години и векови на чаршиската калдрма оставиле белег различни нации, вери и обичаи, а таа е препознатлива и посебна токму заради еснафот и меѓусебната почит.
Маалата ги нема но нивниот дух сè уште се чувствува низ нашето мултикултурно Скопје. Убаво што можеме да се потпреме како луѓе на соседите зашто тие се нашиот прв бедем, нашата прва надеж. Раката мора да си ја подадеме велат Тодорка и Селајдин кои си се помагаат во секојдневните обврски.
Колку малку ни е потребно да сакаме и да почитуваме постојано не само за празниците. Тие се можност да избегаме од самотијата и отуѓеноста, но освен од обичниот човек, напор е потребен и од институциите, вели социологот ацевски
Нашите соговорници се согласни дека социјалните мрежи, дигитализацијата сега и вештачката интелигенција се закануваат на човечките вредности и брзо можат да ја манипулираат јавноста предизвикувајќи нетрпение, омраза па дури и пресметки. Човекот сепак со својата физичка присутност и мудроста не смее да им го отстапи местото на сметка на хуманоста и соживотот и не само за време на празниците.
Фиљана Кока
