Мицкоски: Заедничка визија за посилна Европа
Мицкоски и претседател на ВМРО-ДПМНЕ денеска присуствуваше на самитот на ЕПП, каде што заедно со истакнати лидери и претставници од Европа се дискутираа клучни прашања за иднината на нашиот континент...

Премиерот Христијан Мицкоски и претседател на ВМРО-ДПМНЕ денеска присуствуваше на самитот на ЕПП, каде што заедно со истакнати лидери и претставници од Европа се дискутираа клучни прашања за иднината на нашиот континент.
Размената на идеи, искуства и визии беше од особено значење, а атмосферата беше исполнета со енергија, соработка и заедничка посветеност кон европските вредности. Овој самит претставуваше одлична можност за продлабочување на партнерствата и за зајакнување на улогата на нашата земја во европските процеси.
Убеден сум дека ваквите средби придонесуваат за подобра иднина и посилна Европа за сите нас, напиша Мицкоски.
