ССМ
Синдикалната минимална кошница за март изнесува 67.818 денари
19.03.2026 15:04
На едно четиричлено семејство во март оваа година му биле потребни 67.818 денари или за 436 денари повеќе од претходниот месец...

На едно четиричлено семејство во март оваа година му биле потребни 67.818 денари или за 436 денари повеќе од претходниот месец за остварување на основните потреби, покажуваат податоците од синдикалната минимална кошница што ја изработува Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
Според ССМ, со изнајмен стан од 60 квадратни метри основните трошоци за четиричлено семејство за март се 83.193 денари.
Зголемувањето на вредноста на синдикална минимална кошница за трите месеци јануари, февруари и март 2026 година изнесува 2.326,00 денари, посочуваат од ССМ.
