Учењето математика, и задоволство и главоболка
За учениците од шесто и од седмо одделение комплексноста на материјата по математика создава проблем па каскаат зад талентираните на кои овој предмет им претставува уживање. Наставниците сметаат дека програмата е пребрза, без предвидено време за вежби и неопходни повторувања за усвојување на знаење …

За единаесетгодишниот Мартин од Демир Хисар математиката е уживање. Иако е шесто одделение, тој со леснотија решава задачи и од програмата за осмо. Неговите цели се големи.
Но, за многу ученици овој предмет претставува проблем.
Ако за талентираните ученици бројките се задоволство за нивни соученици тие се предизвик.
Учениците во шесто и во седмо одделение тешко ја совладуваат динамичната програма и каскаат зад своите врсници.
При реформи треба да се консултира широка наставничка, професорска, научна фела. Детето треба да знае суштински работи согласно возраста и не секое ќе има интерес за висока математика“, објаснува проф. Котевска.
А, во храмот на инженерството на Техничкиот факултет повторно се славеше неговиот универзален јазик-математиката преку настанот „Погон“ и одбележување на бројот „Пи“.
Ружица Ѓоршевска
