Мултикултурализмот во детските градинки

20.12.2013 21:59

Општините, градинките и центрите за ран детски развој во акција. Заеднички ќе ги поставуваат темелите на мултикултурализмот во земјава. Ќе работат со најмладите.

Општините, градинките и центрите за ран детски развој во акција. Заеднички ќе ги поставуваат темелите на мултикултурализмот во земјава. Ќе работат со најмладите.

„Во рамките на проектот ќе се изготви национална програма за рано учење и развој и ќе се развие модул за обука за професионален развој и прирачник за воспитувачи во градинките и едукатори од центрите за ран детски развој за различности и мултикултурализам, а ќе се врши и обука на национални обучувачи  и тимови од сите градинки за новиот модул.“ истакна  Ибрахим Ибрахими , заменик - министерот за труд и социјална политика  

Заеднички активности и настани ќе се организираат во десет одбрани општини. Различностите што треба да ги учат децата во раниот развој никогаш не треба да се гледаат како ризик, истакна британскиот амбасадор во земјава.

„Особено верувам во моќта што ја имаат различностите бидејќи земјата што ја претставувам јас, Обединетото Кралство, на различностите меѓу луѓето никогаш не гледа како на ризик, туку секогаш како на можност или како на некаква закана.“ рече Кристофер Ивон – Амбасадор на Велика Британија во Македонија

„Ценењето и почитувањето на различностите и мултикултурализмот се едни од клучните вредности што мораме да ги поттикнуваме кај малите деца, особено поради мултиетничкиот и мултикултурниот карактер на општеството во коешто се живее во оваа земја.“ истакна Бертран Демулен претставник од УНИЦЕФ

Во Македонија веќе има проект кој е пример за мултиетничка соработка кај децата од најмала возраст. Го презеде македонската Влада, откако швајцарската најави дека  се повлекува од финансирањето. Министерството за труд и социјала обезбеди согласност за 17 воспитувачи што веќе работат на проектот ,,Мозаик“.

Ана Јосифоска