Нови 11 случаи на жолтица во Скопје, бројката достигна до 144
15.09.2014 12:58
Случаите не се поврзани. Од нив 4 се хоспитализирани на Инфективна клиника каде има уште 17 пациенти со жолтица...

11 нови случаи на жолтица во Скопје. Тројца од нив се основци и двајца средношколци. Има и едно дете од 2 години, но тоа не оди во градинка. Останатите заразени се на возраст до 51 година.
Новозаразените се од 6 скопски општини. Случаите не се поврзани. Од нив 4 се хоспитализирани на Инфективна клиника каде има уште 17 пациенти со жолтица.
Со ново заразените вкупната бројка во Скопје достигна до 144.
Поради долгиот инкубациски период надлежните велат дека не може да се направи проценка дали жолтицата ќе се прошири во училиштата и градинките.
Наташа Јанчиќ
