Конфликтот во Иран и последиците врз регионот и економијата
Внимателна фискална политика, помалку трошење – советуваат аналитичарите. Велат поради војната во Иран западен Балкан може да се и соочи со обновен миграциски притисок. Јавна трибина на Институтот за меѓународни, стратегиски и безбедносни студии „Радика“...

Сè уште не сме ја почувствувале кризата како резултат на војната на Блискиот Исток. За една недела до 10 дена, не очекува енергетски, економски, па и безбедносен шок, евентуална мигрантска криза се прогнозите на економските и безбедносните аналитичари. Во земјите каде се жариштата, бидејќи биле подготвени за војна се очекува забавена инфлација. Но, нашата земја е затекната и се очекува да расте многу побрзо, вели безбедносниот аналитичар Раби Седрак.
Поранешниот министер за финансии Кирил Миновски, советува внимателна фискална политика, помалку трошење. Институциите да дејствуваат проактивно, а законите и механизмите да се спроведуваат, посочувајќи го Законот за нефер трговски практики.
Македонија да се врати на меѓународното право и принципи, да ги почитува и да соработува со големите сили, но не и не слепо да ги следи, порачува поранешниот Вицепремиер за европски прашања Боцевски, советувајќи регионална интеграција.
Доколку цената на нафтата се зголеми за 40 насто, инфлацијата би се искачила на 10 насто. Тоа би повлекло и зголемување на каматните стапки и цената на храната.
Александра Велинова
