Куманово
Лажна дојава за бомба во училиште во Куманово
19.03.2026 17:55
На електронската адреса на училиштето била упатена закана за поставена експлозивна направа...

Дојава за бомба во училиште во централното подрачје во Куманово. На електронската адреса на училиштето била упатена закана за поставена експлозивна направа.
Случајот нешто пред 13 часот бил пријавен во Секторот за внатрешни работи, по што биле преземени мерки, извршени проверки и е констатирано дека се работи за лажна пријава.
Полицијата информира дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
