Политика

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања

19.03.2026 17:40

Реалните проблеми, како покачување на платите, зголемување на цените, европската перспектива – не ја интересираат Владата, оценува претседателот на СДСМ, Филипче. За ВМРО-ДПМНЕ ставовите на Филипче се конфузни, без аргументи и суштина...

Реалните проблеми, како покачување на платите, зголемување на цените, европската перспектива – не ја интересираат Владата, оценува претседателот на СДСМ, Филипче. Вели, наместо за членството во ЕУ, Мицкоски во Брисел зборува за глобалните предвидувања, за војната во Иран, во Украина, и економската перспектива на Европа. Филипче посочи дека владата не ги спроведува реформите и уставните измени и создава конфликти со ширење лаги за бугарска завера.

За ВМРО-ДПМНЕ ставовите на Филипче се конфузни, без аргументи и суштина. Од партијата посочуваат дека токму СДСМ беше таа која седум години ветуваше европска иднина и реформи кои не ги исполни.

„СДС нуди конфузија и празни тези – партијата која го урниса правосудството, денес држи лекции за владеење на право. Партијата која ја заглави државата, денес зборува за „изолација“. Наместо одговори за тоа зошто не ги реализираа реформите, зошто немаа резултати и зошто ја оставија државата без напредок кон ЕУ, СДС нуди конфузија и празни тези“, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Очекуваат во најскоро време СДСМ сериозно да се посвети на политиката.

Марина Стојанова – Тонева