Македонија и Србија со заеднички дипломатско- конзуларни претставништа во некои земји

15.09.2014 13:14

Потпишана е спогодба за заеднички дипломатско- конзуларни преставништва во некои земји...

Македонија и Србија се пријателски земји со заеднички интрес за подобрување на билатералните односи и на економската соработка, е заедничката констатација на Дачиќ и неговиот домаќин министерот за надворешни работи Попоски. Потпишана е спогодба за заеднички дипломатско- конзуларни преставништва во некои земји.

Србија ја поддржува европската иднина на Македонија. Oвој регион неоправдано со години и децении е потценуван во однос на другите делови на Европа и затоа заслужува што поскоро да влезе во ЕУ, рече Дачиќ по средбата со Попоски.

Попоски меѓу другото потенцира дека во делот на економската соработка е разговарано за прашањата за развој на туризмот, за Коридорот 10 и за целосно автопатско решение и унапредување на железничкото поврзување, но и за енергетското поврзување на двете земји.