Истражување за корупција во здравство
Врските се веќе дел од нашата култура и ставот дека подобро те гледаат кога ќе почестиш, вели Борјан Павловски. Парите се даваат по завршена здравствена услуга, а оние што дале не пријавиле...

Лекар не можел да прочита снимка на дете со тумор, не му се гледала убаво. Таткото на детето го повикал хирургот во локално кафуле и му дал пари. Откако било платено, снимките станеле јасни, а веднаш бил најден и термин за операција и анестезиолог. Ова го изјавила жена којашто била анкетирана од Здружението за еманципација солидарност и еднаквост.
Врските се веќе дел од нашата култура и ставот дека подобро те гледаат кога ќе почестиш, вели Борјан Павловски. Парите се даваат по завршена здравствена услуга, а оние што дале не пријавиле.
На граѓаните им биле барани пари и за добивање инвалидска пензија, велат од ЕСЕ.
Во анкетата биле опфатени 1.240 испитаници од Куманово, Свети Николе. Штип, Прилеп, Битола, Тетово и Гостивар.
Наташа Јанчиќ – Менковски
