„Фридом хаус“: Македонија и натаму во групата „делумно слободни“ земји
Борбата против корупцијата останува еден од најголемите предизвици за македонските институции, се вели во извештајот на „Фридом хаус“ за 2025-та година, во кој земјава е рангирана како делумно слободна, со индекс од 67 поени од можни 100.

За политичките права, од можни 40 поени, Македонија има 28, а за граѓанските слободи има 39 од можни 60 поени.
Како делумно слободни, категоризирани се и сите останати земји од Западен Балкан. Во регионален контекст, посочено е дека политички тензии и институционалните блокади сериозно влијаат врз функционирањето на демократијата.
На глобално ниво пак, слободата опаѓа последниве две децении, се констатира во извештајот на „Фридом хаус“.