Новиот закон за пушење на 24-ти март на владина седница
Новите правила со новиот Закон за пушење во вторник на владина седница. Тераси со две отворени страни и отворен покриви задолжителен посебен влез за пушачи. За најмногу месец ипол да стапи во сила, очекува министерот за здравство Алиу...

Заштита на граѓаните кои не пушат цигари, но и овозможување на место за оние кои тоа го прават. Новите правила од законските измени на 24 ти март ќе се најдат на владина седница. Министерот за здравство Азир Алиу, вели дека доцнењето со законските измени е поради подолгото усогласување на угостителите и здравствените работници.
Клучните измени ќе се однесуваат барањата за одвоени влезови за пушачи и непушачи, тераси со отворени страни и подвижни кровови на угостителските објекти. Од Министерството за здравство очекуваат благодарение на мерките, бројот на пушачи во Македонија за две години да се преполови, од сегашниве 45% на 20%.
Марија Котовска
