Индексирано осигурување во земјоделието преку „Европа Ре“

15.09.2014 13:30

Државата субвенционира 60 проценти од полисата...

Полиси за осигурување според просекот на производството на културата во општината, од денска им се достапни на земјоделците. Агенциите нема да прават проценки на терен туку веднаш ќе се врши исплата на штетите.

Свесни за тоа што го носат климатските промени, Европа Ре, која е специјализирана компанија во сопственост на владите на Македонија, Албанија и Србија, нуди новина во овој сектор, рече заменик министерот за земјоделство, Ванчо Костадиновски.

Ова е уникатен пристап во осигурувањето на земјоделството, каде сите земјоделци во една општина се третираат подеднакво, а клучната новина е во исплатите на штетите кои ќе се вршат автоматски, објасни директорот на Агенцијата за супервизија  на осигурувањето, Климе Попоски.

Државата субвенционира 60 проценти од полисата. Досега своите посеви ги осигурале само 2 илјади и 100 земјоделци.