Североистокот без прифатилиште за жртви на насилство
Североисточниот регион сè уште нема прифатилиште за жртви на родово базирано и семејно насилство. Во Куманово функционира само советувалиште, чии услуги лани ги користеле речиси 150 жени. И статистиката на полицијата потврдува сè уште е голем бројот на пријави за насилство...

Североистокот сè уште е без прифатилиште за жртви на семејно насилство. Во Куманово функционира единственото советувалиште во овој регион. Услугите, психолошка, социјална и правна поддршка, како и кариерно советување, лани ги искористиле 148 жени. Но бројката на пријавени е велат многу поголема. За овие неполни три месеца поддршка побарале 11 кориснички. Во 2024 година здружението Мајка воспостави кризен центар за 72 часовен престој на жртвите. Но истиот не функционира бидејќи немаат средства.
„Ни се обраќаат жени од Кратово, Крива Паланка, Старо Нагоричане, ние и сега им помагаме на тие жени, но кога општината ќе има удел во опстојувањето на ова советувалиште ќе биде полесно. Најчесто жените бараат психолошка поддршка и придружба при посета на одредени институции за да си ги бараат своите права, или да се заштитат од насилникот“, истакна Лидија Илијевска, претседателка Здружение „Мајка“ Куманово.
Познавачите укажуваат здружувањето на помалите локални самоуправи значително може да придонесе кон воспоставување на вакви форми.
„Непријавувањето е генерално недовербата во институции, имаат искуство, слушнале како поминал некој друг, но и недостапноста на вакви специјализирани услуги на локално ниво. Исклучително е важно специјализирани услуги да имаат географска покриеност и да бидат достапни на локално ниво“, дополни Маја Балшиќеска, Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.
Лани СВР Куманово евидентирани 15 кривични дела за загрозување на сигурноста и 73 за телесна повреда поврзани со семејно насилство, како и 191 поплака. Најчестиот начин на извршување бил со употреба на физичка сила или закана.
Неколкуте случаи на семејно насилство завршија со фатални последици. За една од нив во тек и судска постапка против кратовчанката којашто ги уби сопругот и свекорот.
Елена Георгиевска
