Празник
Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
20.03.2026 08:33
Празнувањето следува по едномесечниот строг пост...

Верниците од исламска вероисповед го слават празникот Рамазан Бајрам, кој се смета за еден од петте столбови на исламот и е наменет за духовно и телесно прочистување. Празнувањето следува по едномесечниот строг пост. Во сите џамии, денеска се служи утрински Бајрам-намаз.
По утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата на своите роднини.
Бајрам е и време на помирување. Луѓето си простуваат, ги обновуваат односите и ја зајакнуваат врската со семејството и заедницата.
Во текот на Рамазанскиот пост, муслиманските верници се обврзани да даваат садакатул-фитр, милостина на сиромашните.
