Бразил воведе нов закон за онлајн заштита на малолетници
Децата под 16 години сега ќе мора да ги поврзат профилите на социјалните мрежи со родител или старател, а платформите не смеат да користат функции што предизвикуваат зависност...

Бразил воведе нов закон за заштита на малолетници од зависност, насилство и порнографија на интернет. Децата под 16 години сега ќе мора да ги поврзат профилите на социјалните мрежи со родител или старател, а платформите не смеат да користат функции што предизвикуваат зависност. Дел од социјалните мрежи веќе воведуваат родителски надзор и блокираат несоодветна содржина, а компаниите што нема да го почитуваат законот се соочуваат со казни до 50 милиони реали.
„Отсега па натаму, платформите се обврзани да пријавуваат кривични дела до Федералната полиција и веднаш да отстрануваат криминална содржина без потреба од судска наредба. Ова е исклучително важно за да се олесни надзорот“, изјави Луис Инасио Лула да Силва, претседател на Бразил.
