Влада

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничка иднина исполнета со мир

20.03.2026 10:25

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод празникот Рамазан Бајрам до сите верници од исламска вероисповед...

Среќен Рамазан Бајрам на сите верници од исламска вероисповед!

Во овие свети денови, кога се заокружува месецот на пост, трпение и духовна посветеност, да се потсетиме на вистинските вредности што нè обединуваат како луѓе, почитта, солидарноста, хуманоста и грижата за другиот. Овој празник нè учи дека силата на едно општество се мери преку тоа колку сме подготвени да подадеме рака, да помогнеме и да покажеме разбирање.

Како народ, отсекогаш сме знаеле да стоиме еден покрај друг во најважните моменти. Токму затоа, денес повеќе од кога било, потребно е да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничка иднина исполнета со мир, стабилност и просперитет за сите граѓани.

Нека радоста од Бајрам ги исполни вашите домови со топлина, љубов и благосостојба. Да ги споделиме убавите моменти со семејството, пријателите и сите оние на кои им е потребна поддршка и внимание.

Со искрени желби за здравје, напредок и благодет!-стои во честитката упатена од премиерот Мицкоски.